СПМ: ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН МОРА ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО
ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН МОРА ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО‼️
Синдикат на полиција во Македонија – СПМ повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на вработените и на ранливите групи во услови на високи амбиентни температури.
Ваквото предупредување доаѓа поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи каде под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Во насока на справување со најавените високи температури, СПМ бара од работодавачот – МВР да ги почитува марките за безбедност и здравје при работа , да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот , како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.
Од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните , хронично болните и бремените работнички.
Работници почитувајте се , спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа , а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник , претставникот на работниците за БЗР во МВР ( во овој момент го нема и не постои) или Државниот инспекторат за труд!
Во случај на симптоми на топлотен удар, во препораките за прва помош треба веднаш да се повика 194 или 112, лицето да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода, да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош, а ако е во бессознание, да се постави во странична положба.
Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Синдикат на полиција во Македонија на: sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com или претставникот на СПМ во соодветната организациска единица.
враќањенапрофесионализмотвополицијата

