МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) СОНК: Хронично болните наставници кои изведуваат физичка настава да работат од дома

СОНК - Работник
564views

Оние наставници коишто сакаат да работат од дома, да им се овозможи тоа, побара Претседателот на СОНК Јаким Неделков на пресконференцијата во петокот. Тој нагласи дека со оглед на тоа дека некои училишта немаат добра интернет конекција, но и за да се избегне ризикот од зараза со Ковид – 19 на наставниците, на истите да им се овозможи да работат од дома.

 

Неделков му порача на Министерството за образование и наука да наставниците од прво до трето одделение кои имаат хронични болести да работат од дома, нагласувајќи дека сознанијата на синдикатот се дека не се направени проценки за ризик во училиштата од заразување со Ковид – 19. 

Од МОН за Сител рекле дека планот за одвивање на наставата е јасен и достапен до сите директори и дека за тоа каков ќе биде наставниот процес одлучуваат општините.

Сител посочи дека и претходно било аперилано до директорите на училиштата да бидат флексибилни доколку условите го бараат тоа, со цел да не се губи континуитетот во наставата. Имено со ваков проблем се соочуваат најмногу средните училишта во Скопје. 

Апел училиштата да останат отворени пристигнал од претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани која се повикала на светските примери дека со засилени мерки за превенција училиштата функционираат.

„Затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија. Затоа, повикуваме училиштата да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи, вели претсавничката на УНИЦЕФ.

Имено, 60 ученици и 160 наставници од државата кои изведувале настава со физичко присуство се позитивни на Ковид -19. Според министерката Царовска, засега нема ширење на вирусот внатре во училиштата и нема потреба од затворање.

Бобан Илијевски