СветСветот на работникот

Евростат: Грците во просек работат повеќе од три години подолго отколку пред една деценија

Просечниот очекуван работен век во Грција е продолжен за повеќе од три години во изминатата деценија, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Според објавените податоци, очекуваното времетраење на работниот век во Грција во 2025 година изнесува 35,3 години, во споредба со 34,8 години една година претходно, пренесува „Катимерини“.

Во споредба со 2014 година, пред големите реформи на пензискиот систем со кои беа зголемени старосните граници за пензионирање и постепено беа укинати посебните услови за одење во пензија, очекуваниот работен век се зголемил од 32,1 на 35,3 години.

Овие податоци укажуваат на значително продолжување на активниот работен век на граѓаните во Грција во последните десет години, како резултат на реформите во пензискиот систем и промените на пазарот на трудот.