Светот на работникот

Една грешка на менаџерот може да ја уништи мотивацијата на вработените: Психолозите ја нарекуваат „Голем ефект“

Зошто некои вработени напредуваат и остваруваат одлични резултати, додека други, подеднакво способни, со текот на времето губат мотивација и започнуваат да заостануваат?

Психологијата нуди интересен одговор. На работниот учинок не влијаат само знаењето, искуството и условите за работа, туку и она што менаџерите го очекуваат од своите вработени. Овој феномен е познат како Голем ефект, додека негова спротивност претставува Пигмалион ефект.

Двта покажуваат колку очекувањата на лидерот можат да ги обликуваат резултатите на тимот.

Голем ефект: Кога ниските очекувања стануваат реалност

Голем ефект ја опишува ситуацијата во која менаџерот верува дека одреден вработен нема доволно способност, потенцијал или мотивација за успех.

Таквото уверување често, и несвесно, го менува начинот на кој спрема таа личност се однесува. Менаџерот и’ дава поедноставни задачи, често го конторлира нејзиното работење, поставува строги рокови и поретко го вклучува вработениот во носењето важни одлуки.

Иако можеби никогаш отворено нема да каже дека нема доверба, вработениот тоа многу брзо ќе го почувствува.

Последиците се пад на самодовербата, мотивацијата и иницијативата, па вработениот навистина почнува да постигнува полоши резултати. Така се создава своевидно „самоисполнувачко пророштво“ – токму она од што менаџерот се плашел на крајот се исполнува.

Последиците можат да бидат сериозни

Експертите предупредуваат дека Голем ефектот не влијае само на поединецот, туку и на целата организација.

Неговите последици можат да бидат: пад на смодовербата на вработените, слабеење на довербата во менаџерите и колегите, помалку нови идеи и иновации, избегнување на одговорностите, пониска продуктивност, послаба мотивација за решавање проблеми, поголема флуктуација на вработени.

Во краен случај, вработените кои се чувствуваат потценето често одлучуваат да ја променат работата.

Пигмалион ефект: Силата на високи очекувања

Спротивно на тоа, Пигмалион ефектот покажува дека високите очекувања можат значајно да ги подобрат резултатите на вработените.

Кога менаџерот верува во потенцијалот на својот тим, на вработените им дава повеќе одговорности, слобода и доверба. Наместо детално да го контролира секој чекор, дава поддршка и ги вклучува во решавањето на проблемите.

Таквиот пристап ги поттикнува вработените да ја оправдаат укажаната доверба.

Истражувањата покажуваат дека тимовите во кои постои ваков однос бележат: поголема продуктивност, повисоко ниво на мотивација, поголема проактивност, повеќе иновации, посилна поврзаност со целите на компанијата, повеќе самодоверба на вработените.

Како лидерите можат да го искористат овој ефект?

Психолозите истакнуваат дека не е доволно само да се знае за овие појави – важно е да се применуваат во секојдневната работа.

Менаџерите можат да поттикнат подобри резултати ако: јасно комуницираат дека веруваат во способноста на вработените, редовно даваат конструктивна и позитивна повратна информација, на вработените им доверуваат предизвикувачки, но достижни задачи, обезбедуваат менторство и континуирана поддршка, поттикнуват професионален развој, создаваат работно опкружување во кое грешките се гледаат како прилика за учење, а не како причина за казнување.

Очекувањата ги менуваат резултатите

Познатиот американски пронаоѓач Чарлс Кетеринг еднаш рекол: „Големите достигнувања настануваат во опкружување на големи очекувања.“

Токму тоа го потврдуваат и Голем и Пигмалион ефект. Начинот на кој лидерите ги гледаат своите вработени често го одредува начинот на кој самите ќе се видат себеси.

Затоа успешно лидерство не е само поставување на цели и следење на резултати. Тоа подразбира создавање на опкружување во кое луѓето веруваат дека можат да успеат – бидејќи токму таа верба често е чекор кон успехот.

Извор: BIZLife.rs