(ВИДЕО) Јовевски: И во Македонија има компании кои ги присилуваат вработените да се вакцинираат
Бобан Илијевски
Дали Вакцинацијата против Ковид – 19 треба да биде задолжителна за вработените и дали претставува дискриминација работодавачите да ги условуваат вработените се прашања за коишто се дискутира на глабално ниво. Порталот Работник на овие прашања во денешното интервју зборува со Универзитетскиот професор по трудово право Лазар Јовевски, во кое тој дава свое мислење околу овие прашања. Со него разговараме и на други теми, како што е нематеријалната мотивација на вработените, несигурноста на работните места на младите и жените и последиците кои Ковид – 19 ги остави врз сферата на трудот.

