Правда

(Видео) Јовевски: Потребен е закон за работни односи по македонска мера

   Време за читање 1 минута

Трудовото право и работните односи се една динамична материја. Секако, таа динамија којашто ги прати економските текови, но и модерните текови коишто подразбираат нови работни места, нови типови на вработување, флексибилизација на самиот труд, справувањето со проблемот на невработеноста и проблемот со неостварувањето на правата е всушност една материја која е потребно многу да се менува, вели Проф. д-р Лазар Јовевски од правниот факултет „Јустинијан Први“, ексклузивно за Порталот Работник.

Тој истакна дека вистинското прашање е дали да го менувавме законот за работни односи како нов закон или пак потребни се измени и дополнувања на законот.

„Овој закон има повеќе од 20 измени и дополнувања. Ми се чини дека е созреано времето за донесување на нов закон за работни односи, со таа забелешка што во новиот закон мораме да предвидиме квалитетни и содржински решенија кои ќе бидат избалансирани во однос на потребите на сите социјални партнери“, вели Јовевски.

Тој смета дека новиот закон треба да биде по македонска мера, а не да се вметнуваат одредби од закони за работни односи на европски држави кои не одговараат на македонските економски и општествени услови.

Во продолжение погледнете ја неговата целосна изјава: