Виновниците имаат име и презиме – Се викаат Феудалци
Никогаш не треба да се заборави и постојано треба да се потенцира дека газдите, оние кои се однесуваа како феудалци, се вистинските виновници за недостигот на работна сила. Затоа сѐ повеќе работници заминуваат на сезонска работа во регионот, а дел од нив од сезонски стануваат постојани работници во државата каде што заминуваат. Да не ги спомнувам тука и младите и оние кои се иселија засекогаш.
Пред некој ден медиумите објавија дека на државата и недостигаат 15.000 работници. Ништо не е чудно оваа бројка да продолжи да се зголемува. Од друга страна, интеграцијата на странска работна сила се одвива со тешкотии, па не очекувам дека работодавачите ќе го пронајдат спасот во нив. Странците ја користат Македонија како транзитна зона преку која заминуваат во западноевропските земји. Не знам зошто побогу би се сменило тоа, ако платите и работните услови ни останат на ова ниво. Земајќи го предвид ова, работодавачите мораат да бараат друго чаре, освен, секако, ако се подготвени да понудат од 1.500 до 2.000 евра плата.
Како и што спомнав во воведот, не треба да се заборави дека газдите се виновни за ваквата ситуација. Поради нив, чесните и општествено одговорни работодавачи не можат да најдат работници. Да не се правеа паметни кога невработеноста беше 30 % и не им се закануваа на работниците дека ќе ги сменат ако не им одговараат условите за работа, можеби работите немаше да бидат какви што се. За жал, штетата е веќе направена.
Сега им останува да се поправат, а колку од нив сакаат да го направат тоа и колку ќе им успее, останува да се види.
Ставовите изразени во колумната не ги одразуваат официјалните ставови на порталот Работник
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025