Висока плата, бесплатен стан, големи бонуси – Хрватска им нуди брда и планини на здравствените работници од Македонија
Освен проблемите во угостителскиот сектор каде што бројот на келнери, готвачи и шанкери е секогаш под просекот, Хрватска сега се соочува со сериозен дефицит на медицински кадар.
За да го пополнат овој празен простор, властите во Хрватска нудат атрактивни пакети на лекарите, вклучувајќи високи и примамливи плати, бонуси, но и станови.
„Лекарите кои се одлучуваат да работат во Хрватска можат да очекуваат конкурентни плати. Владата ги признава напорите на медицинскиот кадар и се обидува да ги задржи талентираните професионалци. Дополнително, лекарите добиваат бонуси за својата ангажираност и придонес кон здравствениот систем. Хрватската влада им нуди на лекарите станови или помош за наоѓање на живеалиште. Ова е важен аспект, особено за странски лекари кои се преселуваат во земјата“, пишуваат хрватските медиуми.
Повеќе на Денар
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025