Виталиа going green: Нова инвестиција во фотоволтаици и геотермална климатизација

Македонската компанија за здрава храна Виталиа официјално започна да користи обновливи извори на енергија во процесот на работата и производството. Од Септември 2022, поставен е фотоволтаичен систем за генерирање на електрична енергија, при што 35% од електричната енергија која се користи за производствените процеси, како и за останатите објекти во компанијата ќе биде обезбедена од сопствените фотонапонски панели, односно фотоволтаици.

Дополнително, на ниво на цела компанија е имплементиран нов систем на ладење и греење со геотермални пумпи, а е спроведена и комплетна изолација на сите објекти. Со ова е обезбедена заштеда од над 80% електрична енергија, која претходно се добивала од конвенционални извори.

https://youtu.be/UmKffm1bnco

Ова е само почеток на „зелената иницијатива“ на Виталиа, и значаен чекор кон целта – позелена, поздрава животна средина, и подобра иднина за сите.

Виталиа е компанија која ја вреднува иновацијата, а тоа го докажува преку користењето на нови, еколошки технологии со цел да го направи своето работење поодржливо и поеколошко.

Обновливите извори и зелената енергија не се само показател за нивото на еколошката свест на компаниите, туку и неопходен глобален тренд кој ја претставува иднината на производствените индустрии. Поведена од ова знаење, Виталиа реши да инвестира во одржлива енергија и поеколошки одговорно производство. Имплементирањето на овие современи технологии е инвестиција чија вистинска вредност ќе биде почувствувана во следните 20-30 години“, велат од Виталиа.

Во период кога се поставуваат многу прашања за енергетските извори, снабдување со енергија и одржливо производство, Виталиа презема конкретен чекор кон давање на одговор на овие прашања. На краток рок, оваа инвестиција претставува свесно пренасочување кон поодржлив, еколошки извор на енергија, но нејзината вистинска вредност е во долготрајната корист од инвестицијата, која ќе овозможи заштедување на средства и енергија, а зад себе ќе остави почиста и поздрава околина.