ЕкономијаМакедонија

Индустриската комора бара од државата субвенционирање на сметките за струја

Индустриската комора, најголемиот потрошувач на електрична енергија на слободниот пазар, бара од државата да ги субвенционира сметките за струја доколку дојде до зголемување на цената од 1.000 евра за мегаватчас.

Комората предводена од Трајан Ангеловски веже испратила препораки до своите членки за намалување на трошоците и за инсталирање на фотоволтаици. Од таму велат дека одлуката на Владата за ограничување на трговската маржа на 10 проценти е добра, но не и доволна.

– Ние тоа го нагласивме дека државата треба да одреди праг до кој ќе може да се толерира одредена цена, а над таа цена државата би учествувала во субвенционирањето на тие сметки, вели Ангеловски во вестите на ТВ Телма.

Дополнителен проблем за индустријата е што во ваква ситуација еешко е да се направат проекции.

– Ние најмногу трошиме струјата, затоа може да дојде до сопирање на одредени производствени процеси, зголемување на цените, итн, додаде претседателот на комората.