Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, вградени прифатените амандмани

Владата на вчерашната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

– Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието каде што беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, информираа од владината прес-служба.