Владата донесе одлука за забрана на движење на сите граѓани викендот од 16 до 5 часот
Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.
Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.
-Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, рече Хоџа.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.
Извор: Сител
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024