ЕкономијаМакедонијаНовости

Највисоката пензија остварена од први годинава изнесува 60.294 денари, но засега нема пензионер со вакви примања

   Време за читање 2 минути

пензија на граѓаните што ќе заминат од пензија од први годинава ќе достигне над 1.000 евра или поточно 60.294 денари. ПИОМ пресметал, но засега ниту еден пензионер не може да се пофали со толку висока пензија па графите на ПИОМ се празни.

ОСТВАРЕНО ПРАВО ДЕНАРИ СЕМЕЈНА ПЕНЗИЈА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА ВКУПНО
Остварено право до 31.12.1996 44,778.00 2 7 77 86
Остварено право од 01.01.1997 41,724.00 7 1 29 37
Остварено право од 01.01.2002 43,465.00 34 13 827 874
Остварено право од 01.01.2016 54,623.00 2 0 41 43
Остварено право од 01.01.2017 54,289.00 1 1 43 45
Остварено право од 01.01.2018 54,156.00 1 0 50 51
Остварено право од 01.01.2019 55,685.00 4 0 49 53
Остварено право од 01.01.2020 56,582.00 1 0 76 77
Остварено право од 01.01.2021 59,674.00 4 1 69 74
Остварено право од 01.01.2022 60,294.00 0 0 0 0
В К У П Н О   56 23 1,261 1,340

Edit Table

РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ

И натаму максималната пензија во земјава изнесува 59.674 денари, а ја уживаат 74 пензионери. Вкупно пак пензионери со највисоки пензии во државава се бројат 1.340. Максималните пензии се движат од 41.724 денари до 59.674 денари. Најголем дел од пензионерите со високи пензии или поточно 874-ца имаат пензии во висина од 43.465 денари.

Во Собранието беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со новиот закон пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50 % од порастот на трошоците на живот и 50 % од пораст на просечната плата во државата во согласност со податоците од Државниот завод за статистика.

Новата методологија ќе почне да се применува од септември оваа година, а усогласувањето ќе се прави како и сега – двапати во годината, во март и септември. Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат приближно по 900 денари.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/najvisokata-penzija-ostvarena-od-prvi-godinava-iznesuva-60294-denari-nema-penzioneri/