Владата побарала од Железници да бидат поостри кон вработените: Кој трипати ќе одбие работа, ќе биде суспендиран или отпуштен
Доколку некој машиновозач одбие три пати работа, ќе биде суспендиран или ќе му биде дадено отказно решение. Ова го рече Претседателот на Синдикатот на машиновозачите, Тони Димовски.
[ai_playlist id=”284084″]
Тој за Работник посочи дека од менаџерскиот тим на Железници им било речено дека од Владата им наложиле да бидат поостри со вработените поради бојкотот којшто започна во петокот како резултат на револотот од страна на машиновозачите, на кои се‘ уште не им е исплатен вториот дел од платата за месец јули.
Димовски ни рече и дека менаџерскиот тим врши притосок врз вработените за да се вратат на работа и додаде дека за ова има сведоци.
Работник вчера ги објави барањата на машиновозачите, а истите можете да ги прочитате подолу:
ЗА ЕДНИ МАЈКА, ЗА ДРУГИ МАЌЕА: На дел им се зголемиле платите, а другите не добиле ништо

