- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорни економски мерки за помош и поддршка на работниците и на македонската економија

СДСМ - Работник
215views

Владата предводена од СДСМ активно и посветено работи на реализација на навремени и ефикасни економски политики за поддршка на стопанството и работниците.

Во тек е реализацијата на кредитна линија за бескаматни кредити со грант компонентата „Ковид 3″, која се спроведува со финансиската поддршка на Европската Унија.

Вкупниот буџет за оваа кредитна линија за бескаматни кредити кои се реализираат преку Развојна банка изнесува 31 милион евра.

Оваа мерка се реализира со одлично темпо, досега, одобрени се 2.583 кредитни барања во износ од 29,3 милиони евра, од кои 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 се од занаетчии.

Овие финансиски средства се директна помош во македонската економија во справувањето со последиците од пандемијата и зајакнување на малите и микро компании, занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

СДСМ како одговорна партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството останува посветена на реализација на одговорни економски политики што го помагаат домашното производство и обезбедуваат услови за брз економски раст.