ЕкономијаМакедонијаНовости

Владата пред Нова година ќе се задолжи за 178 милиони евра

   Време за читање помалку од минута

Министерството за финансии на три аукции на државни хартии од вредност закажани за неделава планира да се задолжи 11 милијарди денари (178,8 милиони евра).

На аукција закажана за вторник (26.12.2023) ќе бидат понудени едногодишни државни записи во износ од 700 милиони денари (11,3 милиони евра) со каматна стапка од 4,25 проценти.

На аукција закажана за четврток (28.12.2023) ќе бидат понудени тригодишни државни обврзници во износ од 6,3 милијарди денари (102,4 милиони евра) со купонска каматна стапка од 4,65 проценти.

Истиот ден е закажана уште една аукција на двегодишни државни обврзници во износ од четири милијарди денари (65 милиони евра) со купонска каматна стапка од 4,55 проценти. 

Фото: Shutterstock/Barat Roland