ОВАА ВЛАДА ЌЕ БИДЕ ЗАПАМЕТЕНА ПО ПРОЕКТИ – ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ
Договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце беше потпишан денеска во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова е проект кој со децении бил најавуван, а за него е големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници
– Покрај оваа, која треба да го оврзе главниот град со Блаце, тука се и делницата која треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, Гостивар со Букојчани, го завршуваме делот од автопатото Кичево-Охрид, Прилеп-Битола и наскоро очекувам да биде завршена процедурата која треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие шест автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија – појасни Мицкоски.
Токму економскиот развој, посочи премиерот, претставува еден од врвните приоритети на Владата.
– Градежништвото како еден од главните носители на економскиот развој во годините кои следат, очекувам да продолжи со несмалена динамика. Со април имаме исклучително висок степен на реализција на проекти, за речиси една третина подобро од минатата година истиот месец. Очекувам во таа насока да се децижат работите и во периодот кој следи – посочи Мицкоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека со вакви капитални проекти се развива државата.
– „Гранит“ предводи еден конзорциум кој ќе го гради овој автопат, домашните компании покажуваат дека може да работат и да изведуваат големи градежни проекти, нагласи Николоски.
Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри. Рокот за изградбата е четири години, но надлежните се надеваат дека проектот ќе го завршат поскоро.
Според проектот, трасата во вкупна должина од 12,5 километри, ќе содржи пет тунели, две галерии, 12 мостови и околу 40 други инфраструктурни објекти. За изградба на овој автопат преку ЕБОР се обезбедени 30,8 милиони евра грант и заем од 167,6 милиони евра.
Овој патен правец е дел од важниот регионален коридор што ја поврзува Македонија со Косово и понатаму со Црна Гора. Според Николоски, неговото завршување ќе овозможи побрз транспорт на патници и стока, како и подобар пристап на македонските компании до пристаништето Бар во Црна Гора, што ќе придонесе за развојот на трговијата и економијата.
Како што појасни директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, веќе се избрани консултант и изведувач, а надзорот е во процес на евалуација.
– Денеска потпишуваме грант меѓу ЈПДП и ЕБОР, за грант кој е дел од рамката за инвестиции на ЕУ-Западен Балкан во висина од 30,8 милиони евра и заем од 167,6 милиони евра за изградба на автопатот Скопје – Блаце – рече Трајановски.
Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце
– Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници.
Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево.
Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија. Нешто коешто за мене претставува исклучително важно и еден од врвните приоритети на оваа Влада, економскиот развој да продолжи онака како што го поставивме пред 2 години кога бевме избрани како влада.
Градежништвото како еден од главните драјвери на економскиот развој во годините кои што следат очекувам да продолжи со несмалена динамика.
Во месец април имаме исклучително висок степен на реализација на проекти, голем бум на градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика велат дека е за речиси една третина подобро од минатата година за истиот месец. Тука зборувам и за ниско и за високоградба, нешто што досега е незабележано во новата историја на државата.
Очекувам во таа насока да се движат работите и во периодот којшто следи.
Но, дозволете да кажам и нешто што граѓаните многу добро го знаат.
Овој автопат со години беше симбол на неисполнети ветувања. Речиси секоја влада го најавуваше, секоја пред избори ветуваше дека токму таа ќе го изгради, а одредени политички партии со години се удираа во гради и зборуваа дека токму тие најмногу се грижат за овој дел од државата. На крајот, од сето тоа останаа само празни зборови , по неколку купени парцели на трасата на оваа делница од овој автопат од одредени лица со сомнителна позадина и лица кои се поврзуваат со некои политички партии, сето останато остана само на ветувања, за жал.
Денес разликата е јасна и видлива. Наместо нови ветувања, имаме обезбедени средства, потпишани договори, избран изведувач и започната реализација. И очекувам ако биде се како што треба со Бога напред, овој или другиот месец Коце да почнеме веќе со теренските активности да ги завршуваме.
Така што, знам дека финално останува да се избере надзорот, Александар така ти ме брифираше. Се надевам дека и од банката ќе бидат брзи и експедитивни како што знаат тие сами знаат да бидат, и објективни како што знаат да бидат. И се надевам дека многу брзо и оваа процедура ќе ја завршиме и ќе може да отпочнеме со реализација на овој проект.
Оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори. Сакаме да бидеме запаметени по проекти, по автопати, експресни патишта, железници, училишта, болници и инвестиции што ќе останат зад нас. Тоа е нашиот одговор на сите оние кои со години само ветуваа.
Продолжуваме со работа, продолжуваме со капитални инвестиции и продолжуваме да градиме држава која ќе се движи напред, посочи премиерот Мицкоски.

