ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Владата ќе дозволи плата во кеш со платени придонеси, законот наскоро во Собрание

   Време за читање помалку од минута

Владата очекува, според донесената програма за 2024, уште овој месец пред Собрание да се најде Предлог Законот за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка, со кој работниците ќе може да добиваат плата во кеш, но да им бидат платени придонесите.

Куќни помошнички, бебиситерки, аргати, мајстори, келнери, хостеси и сите оние кои работат хонорарно ќе треба да им се плати придонес за пензиско осигурување и персонален данок.

За Владата ова ќе значи „обезбедување забрзан, одржлив и инклузивен економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните“, а според очекувањата што се наведени во програмата, донесувањето на овој предлог закон ќе влијае на „намалување на неформалната економија во детектираните сектори од стопанството“.

Повеќе на Фактор