Владата ќе субвенционира зголемување на плати, но само во три дејности
Новата антикризна мерка на Владата за субвенционирање на придонесите на вработените во делот кој ќе се зголеми со зголемувањето на нивните плати ќе важи само во три дејности – туризам и гастрономија, градежништво и текстилната индустрија.
Предлог законското решение е во Собранието, но работодавачите бараат да се дополни, бидејќи не е фер да важи за само три сектори во кои платите се подпросечни.
Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата рече дека станува збор за таргетирана мерка и затоа се опфатени само три дејности.
– Целта е намалување на неформалната економија, а тука има голем број на вработени што работат на црно. Тука беше мисијата на Меѓународниот монетарен фонд каде што рекоа дека треба да има само таргетирани мерки каде што се очекува најголем ефект
Според сите анкети, од самата бизнис заедница рекоа дека таму неформалната економија е повеќе изразена. Пратениците нека го поддржат овој закон, а ако има ефект, може да се прошири и на други дејности. Треба да се внимава и да не се преоптерети буџетот, рече Бесими.
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025