Правда

Влада: ако стигнете во државава сега, ќе одите во карантин 21 ден

   Време за читање 1 минута

Владата донесе  Уредба за дополнување на Уредбата за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, според која, на државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13-ти април 2020 година, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија.

На вчерашната седница, беше донесена и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за државјани на Република Северна Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат.