7 типови на „лоши колеги“ – Како да ги препознаете? Ова се нивните карактеристики
Сите ние имаме свои искуства со т.н. „лоши“ колеги на работното место. Тоа се луѓе кои помалку ни одговараат или го прават работното место токсично.
Не мора да значи дека имате вакви колеги на вашето сегашно работно место или во вашиот оддел, а и не во секој случај е колегата оној кој е токсичен, туку можеби е шефот.
Порталот Telegraf Biznis пишува дека најголемиот дел од токсичните колеги вршат влијание „од сенка“: тоа се оние кои ги примаат сите пофалби, а ништо не работат или оние кои одат против вас, бидејќи претендираат да ја имаат вашата позиција.
Нивното негативно однесување, ги прави овие луѓе тешко е да се воочат нивните заеднички карактеристики или нивната логика, но за Теса Вест, вонредна професорка по психологија на Универзитетот во Њујорк, сите тие „исполнуваат“ низа на параметри. Поради тоа, тие можат да се сместат во седум добро дефинирани категории.
Така настанала и книгата „ Jerks at Work: TOXIC COWORKERS AND WHAT TO DO ABOUT THEM“, каде се објаснети овие седум групи.
Колега кој споредува (и заостанува)
Чувајте се од оние кои себеси се споредуваат со останатите, и во поглед на извршените работни задачи и остварените цели. Покрај тоа, тие имаат тенденција многу брзо да откријат кој има моќ во компанијата. Нивната цел е да застанат на страната на оној кој има висока позиција во компанијата и да „војуваат“ со најслабите доколку треба. Во таа смисла, нема да се воздржат од тоа при првата прилика да ве „сопнат“.
Опортунисти
Вест ги нарекува „колекционери на поени“, бидејќи нивната главна стратегија се состои од барање на тим или област која добро функционира, за да бидат потчуканти по рамо за добро завршена работа. Тие, по природа, лесно можат да препознаат кој тим работни најдобро, а уште повеќе, оној дел од работата каде индивидуалните напори можат да бидат најмногу замаглени. Секогаш ќе се трудат да го привлечат вниманието на шефот.
„Булдожери“
Булдожерот е една од најпотребните машини за речиси секој површински ископ. Исто така, овие работници се подготвени да „рушат“ се пред себе: што и да се случи, тие секогаш веруваат дека се ќе дојде на свое. Во главно се деструктивни, за да извлечат лична корист.
На тој пат, без проблем се подготвени на другите да им подметнат нога. Тие делуваат во две насоки: нема да престанат да зборуваат зад вашиот грб, но нема ни да ве понижат пред другите. Една работа којашто можете да ја направите против ваквите типови на колеги, е да се држите заедно со другите и да го подигнете гласот.
Оние што „ловат“ ранливи
Вест вели дека нивните главни вештини се шармантноста, привлечноста, забавна, т.е. другите луѓе да сакаат да ги имаат во близина. „Тие не се однесуваат злобно, сакаат хаотични и неорганизирани луѓе кои секогаш се чувствуваат преоптеретено; тоа е совршен изговор да останете незабележани и да направите што е можно помалку“, вели авторката на споменатата книга. Тие знаат дека другите, без оглед на се, ќе ја завршат задачата наместо нив.
Таканаречени микроменаџери
Во оваа група влегуваат „душегрижниците на шефовите“: вклучувајќи се во секој аспект од вашата работа, без разлика на тоа колку и да е мала, прекинувајќи се во процесот. Со текот на времето, вашата работна рутина ја претвораат во „пекол“.
Иако намерата им е да помогнат, најчесто го прават спротивното, забавувајќи го процесот и намалувајќи го квалитетот на работата, тврди Вест, додавајќи дека дел од нивното ангажирање потекнува од хронична анксиозност. Сепак, тоа не е ваш проблем; тие треба да откријат како ефикасно да влијаат на тоа.
„Смотани“ шефови
За разлика од „микроменаџерите“ кои се мешаат во се, овие другите се недоследни, така што можат да поминат недели или месеци, а да никој не знае што работите. Сепак, тогаш само се појавуваат од никаде и нервозно прашуваат каков напредок е направен. Кај вработените создаваат чувство на неизвесност, бидејќи никогаш не се знае кога ќе се појават да направат неред – тешко е да се предвидат.
Демнат, но не оставаат траг
Без сомневање, ова е најлошата категорија од сите, вели Вест, бидејќи тие лажат за да создадат „алтернативна реалност“. Зошто тоа го прават? Бидејќи секогаш се обидуваат да сокријат нешто, односно, би можеле да се обидат да прикријат некој нелегален или неетички став, или сето тоа го прават поради сопствената неспособност. Што и да е во прашање, тие се обидуваат да ги изолираат луѓето од групите, поткопувајќи го нивното самопочитување. Многу се добри во криење на трагите, што значи дека поголемиот дел од своите (не)дела ги прават сами, без „оставање на траги“.

