ЕкономијаМакедонија

Јовановски: Затоа што 17 семејства трошат 30% од струјата мерките мора да се насочени кон ранливите групи

Според Регулаторна комисија за енергетика, од вкупно 660 илјади семејства во земјава, само 17 семејства трошат дури 30% од целото годишно производство на нашите хидроцентрали, потенцира економскиот експерт и некогашен висок функционер од СДСМ Зоран Јовановски.

На тој што троши толку многу не смее да му се дозволи да троши по субвенционирана цена. Затоа цело време муабетот е дека какви и да се мерките, тие треба да бидат насочени кон ранливите групи на граѓани!, потенцира тој.