Uncategorised

Воз повторно има, Бочварски отиде кај работниците да им се заблагодари

   Време за читање 1 минута

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на самото место им се заблагодари на инженерите, работниците и стручњаците за оспособувањето на железничкиот мост на реката Црна кај Градско, поради чие оштетување немаше транспорт на железницата од 14 ноември, а превозот на патници се врпшеше со автобуско префрлување.

„Честитки за вредните инженери, градежни работници и професори кои за 35 дена превземаа комплексна градежна активност за реконструкција на носечкиот столб на железничкиот мост кај Градско“, се заблагодари Бочварски.

blagoj3

Пред два дена повторно беше пуштена железничката линија Гевгелија – Велес – Скопје откако заврши санацијата на Железничкиот мост, кој беше оштетен на 14 ноември лани. Претходно беше извршено тестирање, пробно товарење на мостот кое се покажа успешно, по што Македонски Железници (МЖ) – Инфраструктура одлучи дека преку санираниот мост може да се одвива железнички сообраќај.

Се работеше за пропаѓање на вториот столб, што е последица на пуштање енормна количина на вода, испуштена од ХЕЦ Тиквеш.

blagoj1

Товарниот сообраќај не функционираше и превозот на стоката од пристаништето во Солун кон Средна Европа се превезуваше преку Бугарија.