ВО ДРУГА ДРЖАВА БИ СЕ СМЕТАЛО ЗА ЗЛОУПОТРЕБА: Ѝ дале да потпише договор на еден ден, а до „вчера“ работела на неопределено
Од неопределено време ѝ дале да потпише договор на определено, и тоа на еден ден. Оваа вработена во текстилната фабрика во Кочани е една од многуте на кои им било дадено да потпишат вакви договори.
Според Законот за работни односи не е спорно, но ова да се случеше во друга држава ќе се сметаше за злоупотреба, рече Кристина Ампева, Претседателка на „Гласен Текстилец“, која со нас го сподели договорот за вработување на еден ден кој го потпишала работничката во кочанската конфекција.
„Додека фирмите се спремаат да донесат разни непалци, филипинци, на работниците кои имаат по 20, 30 години стаж, им се даваат нови договори од неопределено на определено од 1 ДЕН. Истите овие газди се спремни да платат сместување, храна и плата за работниците од странство. А македонските работници да ги остават на улица без ништо. Гробари на државата и економијата“, напиша Ампева на фејсбук.
Таа ги повика работниците да не потпишуваат вакви договори.
Инаку, како што објави денеска ТВ СТАР, четири работнички од Непал му избегале на газда од Прилеп.