Во изминатите пет години забележани се приближно еднаков број на барања за правна помош за права од работен однос, велат од МЗМП
Вкупно 39 барања за правна помош во врска со права од работен однос се евидентирани од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во 2024 година, велат од здружението за порталот Работник.
На прашањето за кои работнички права најмногу луѓето барале правна помош од МЗМП рекоа дека „прекршувањата на правата од работен однос кои се евидентирани се разновидни и не може да се процени одреден тип кој преовладува“. На пример, се забележуваат прекршувања во однос на раскинувања на договорите за вработување, дискриминација, вознемирување на работно место, исплаќање на плата и надоместоци на плата итн.
Прашани за тоа дали во изминатиот период се намалува прекршувањето на работничките права од МЗМП одговорија:
„Засновајќи се на статистичките податоци за дадена правна помош од МЗМП, би можеле да кажеме дека во изминатите 5 години генерално се забележани приближно еднаков број на прашања поврзани со права од работен однос.“
Инаку, пред два месеци објавивме графикон за тоа колку претставки за прекршување на работничките права биле поднесени од Државниот инспекторат за труд. Повеќе на линкот:
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025