ВО МАЛИТЕ ФИРМИ ИМА ПОВЕЌЕ НЕПРИЈАВЕНИ РАБОТНИЦИ – еве во кои сектори има најмногу
Што ја поттикнува неформалноста на фирмите? Во кои сектори има најмногу неформални работници, но и кој тип на компании, големите или малите имаат повеќе неформални работници. Анализа на „Фајненс тинк“ утврди кои причини поттикнуваат неформалната работа, но и зошто луѓето ја прифаќаат.
– Регулативите и даночните системи кои се рестриктивни и сложени ја поттикнуваат неформалната активност. Зголемените даноци на плати, даноците на добивка и таксите за регистрација ги поттикнуваат фирмите да работат неформално. Слабото спроведување на законите и прописите ги зголемува трошоците за водење бизнис во формалниот сектор и ги охрабрува фирмите да останат неформални. Иако фирмите се подготвени да ги почитуваат сегашните закони и прописи, тие претпочитаат да избегнат произволни и бирократски барања и коруптивно однесување останувајќи неформални. Фирмите би биле принудени да се формализираат доколку се зголемат трошоците за останување неформален – се наведува во истражувањето.
Повеќе на Фактор
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025