Во нападот во центарот на Бејрут се убиени седуммина здравствени работници поврзани со Хезболах
Време за читање помалку од минута
Претходно, либанските здравствени власти објавија дека шест лица загинале, а седум се повредени.
Воздушниот напад во станбениот кварт Бачура ја погоди зградата во која се наоѓа канцеларијата на Здравственото друштво – цивилна служба за итни случаи поврзана со Хезболах, пренесува Sky News. Зградата е оддалечена само неколку метри од либанскиот парламент.
Ова е втор воздушен напад врз центарот на Бејрут во последните 24 часа. Израел соопшти дека извршиле прецизен воздушен напад врз градот насочен кон милитантите на Хезболах кои претставуваат закана за израелската безбедност.
Latest posts by Портал Работник (see all)
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025