Во некои градники на приправниците се‘ уште незаконски им се продолжува приправничкиот стаж – Од МТСП се повикуваат на Законот

Неодамна од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК на социјалните мрежи објавија дека и после една година од барањето да се реши проблемот со незаконското продолжување на приправничкиот стаж на припавниците во градинките. во некои од нив тој се‘ уште тлее.

Редакцијата на порталот Работник го праша ресорното Министерство за труд и социјална политика што можат да преземе во овој случај и дали може да изврши притисок за да се реши овој проблем.

Од таму го добивме следниот одговор кој ви го пренесуваме интегрално:

Имајќи ги во предвид одредбите од Законот за заштита на децата, а поради фактот дека во членот 136 од законот, во секоја од категориите на работни места (Б, В, Г и Д) има утврдено работно место приправник како почетно ниво на  работно место во соодветната категорија, по завршување на приправничкиот стаж од една година и успешно положениот испит, приправникот го задржува работното место, односно останува и понатаму да ги врши работните задачи на кој е распореден ( работните задачи приправник), бидејќи истиот има засновано работен однос на работно место од ниво приправник.

Приправникот може да биде унапреден на повисоко ниво на работно место, од работното место на кое е распореден, само доколку поминал најмалку две години на тековното работното место (приправник) и доколку ги исполнува условите за повисокото работно место утврдени во законот и актот за систематизација на установата, по претходна објавена потреба од пополнување на работното место  со интерен оглас и спроведена постапка за унапредување согласно законот, а врз основа на претходно добиено известување за обезбедени финансиски средства.

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.