Во работните односи во 2024 година се утврдени најмногу случаи на директна дискриминација
- (ИНТЕРВЈУ) Коцевски: Како синдикат изразуваме поддршка за борбата против криминалните појави во МВР - 12/02/2025
- Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба - 12/02/2025
- Колку претставки добил Државниот инспекторат за труд за неисплатен К-15 во 2024 година? (Графикон) - 06/02/2025
Во 2024 година до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација биле доставени вкупно 162 претставки за заштита од дискриминација во областа на работните односи, истакнаа од Комисијата за порталот Работник.
Како што посочуваат од таму, Комисијата утврдила дискриминација во областа на работните односи во вкупно 26 случаи, од кои 16 по претставки кои биле поднесени во 2024 година и 10 по претставки чија постапка започнала во 2023 година.
Најчест утврден облик на дискриминација во работните односи во 2024 година е директна дискриминација (14 случаи), но утврдени се и индиректна дискриминација (3 случаи), како и вознемирување на работно место (5 случаи). Во однос на основите, најчесто е утврдена дискриминација врз основа на политичко уверување (7 случаи), потоа членување, односно нечленување во синдикални организации (5 случаи), но утврдена е дискриминација и врз пол, род и бременост, односно мајчинство интерсекциски поврзани (2 случаи), етничка припадност (2 случаи), како и дискриминација врз основа на попреченост (1 случај), сексуална ориентација (1 случај), образование (1 случај) и други основи, велат од КСЗД.


Фото: Freepik