Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во Свети Николе очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку се активни, толкав број на граѓани се и во изолација. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.