ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Во следните денови симулација за платите во јавниот сектор – функционерските ќе се намалат

   Време за читање 2 минути

Функционерските плати што се зголемија за 78 отсто ќе одат надолу. Во министерството за финансии се прави симулација за тоа како ќе изгледаат новите плати во јавниот сектор и таа симулација ќе покаже дека платите кои се зголемија енормно – ќе мора да се намалат, изјави во 24 анализа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Се разработува методлогоја која треба да донесе системско решение за платите.

„Ќе има нова методологија, вклучувајќи ги и функционерите. Очекувам деновие да ги добиеме симулацииите од министерот и ќе преговараме.“ – изјави Тренчевска.

Функционерите веќе ја трошат првата покачена плата, а можеше да се најде начин да се запре зголемувањето, револтот на сите вработни во јавниот скетор е голем, вели  Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво. Потрдува дека во тек се преговорите за ошпт колективен договор кој исто така ќе бидее база на нови пресметки на платите.

Заедно со Тренчевска и Пешевски ајде да си пружиме рака, преговорите почнуваат од денеска, јас се согласувам со плата од 78 проценти, дијалогот не донесе ништо 80 посто зголемени часови наспроти 80 посто зголемени плати. – изјави Пешевски.

Економистите иако велат платите во земјава, вклучително и оние кои претходно ги земаа функционерите се ниски, сепак заголемувањето требало да се одвива постепено и за сите.

„Се слагам платите во макеоднија се ниски. Се слагам министер потценуваќки е да зема 50 000 денари, државата треба да ја претставува, зборувам за вистински министер, за вистински јавен функционер тој што си ја врши работата како што треба. Но целиов овој контетст сега се решава релативно брзо.“ – изјави Лазар Јовески универзитетски професор.

Според последните објавени податоци на државниот завод за статистика исплатената нето плата во март изнесува 34.925 денари, колкаво ќе биде влијанието врз просечната априлска нето плата токму од функцинерското покачување по одлуката на уставен ќе покаже следниот извештај на ДЗС што треба да се објави за еден месец.

Извор: ТВ24