НовостиСветСветот на работникот

Во Франција загрозени стотици илјади работни места

   Време за читање 1 минута

Претседателот на Медефа, водечката француска организација на работодавачи, Патрик Мартен оценил дека „стотици илјади работни места“ во Франција потенцијално се загрозени од царинските мерки кои ги најавил Доналд Трамп.

Зголемувањето на царините ќе влијае на францускиот Бруто домашен производ (БДП), ќе загрози стотици илјади работни места и ќе премести цели ланци во аеронаутичката и автомобилската индустрија, рекол Мартен, пренела Бета.

„Мерките, ако бидат спроведени, ќе бидат исклучително штетни за Франција и Европа и ќе бидат потребни силни реакции“, рекол Мартен после состанокот во Елисејската палата со Претседателот на Франција Емануел Макрон, неколку министри и претставници на повеќе сектори.

Мартен оценил дека Франција треба да биде „многу цврста и прагматична“, и додал дека неопходно е да се предомисли администрацијата на Трамп колку и да е можно тоа.

После Германија, Италија и Белгија, САД се четвртиот најголем извозен пазар на Франција.

Меѓу најизложените сектори се аеронаутиката, со девет милијарди евра во 2024 година, што претставува петтина од францускиот извоз во САД, потоа луксузна роба и жестоки пијалаци, особено коњакот.

Извор: b92.net