Останато

Психолошка битка на работното место: како да најдете смисла во 2022 година со оглед на неизвесноста и најавените поскапувања, инфлација, и сл.

Психолошка битка на работното место: како да најдете смисла во 2022 година со оглед на неизвесноста и најавените поскапувања, инфлација, и сл.
„Новото нормално“ на кое мислевме дека се навикавме продолжува да не заплашува и на прагот на 2022 година. Наместо крај на пандемијата, се чини се наѕира поголем страв од новите соеви пропратен со економса неизвесност поради пораст на инфлацијата, најавеното поскапување на струјата, можните рестрикции и веѓе започнатиот брз раст на цените. Многумина ќе се најдат „изгубени“ во ваквите околности, па затоа е важна психолошката стабилност врз основа на наоѓање смисла.
Во основа, луѓето мислат дека смислата вообичаено се заснова на економската сигурност, но, психолозите велат дека смислата на живеењето всушност произлегува од нашата способност да се преиспитаме и да процениме што навистина ни е важно (но, не материјално), со цел да сфатиме што треба да промениме во однос на нашите ставови, верувања, па и постапки. Човекот кој знае која е смислата на неговиот живот не е изгубена овца, туку стои цврсто на нозе, никоја неизвесност нема да го поколеба, ниту да го скрши. Не велиме дека не е важна вашата егзистенција, напротив, меѓутоа многу е важно да останете ментално силни и да знаете која е смислата, целта кон која се стремите и тоа не само на работното место туку и воопшто во животот. Бидете поддршка на вашите најблиски, пример, зашто заедно сме сите во ова време.
Тимот на Јуридика