- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Во јануари намален прометот во индустријата на годишно ниво, зголемен на месечно

Прометот во индустријата - Работник
213views

Прометот во индустријата, вкупно, во јануари годинава, во однос на јануари 2020 година, е намален за 4,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 проценти, a  опаѓање  кај Капитални производи за 9,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,8 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека прометот во индустријата, вкупно, во јануари годинава, во однос на декември 2020 година, изнесува е зголемен за 1,7 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари годинава, споредено со јануари минатата година, е намален за 5,2 отсто. Бележи пораст кај Капитални производи за 39,3 проценти, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,5  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 проценти.

Во јануари годинава, во однос на декември 2020 година, прометот во индустријата на домашниот пазар се намалил за 36,3 проценти.

Статистиката регистрира намалување за 4,7 проценти на прометот во индустријата на странските пазари во јануари годинава, споредено со јануари лани, а раст од 15,3 проценти во однос на декември лани.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,7 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,4 проценти.