Во 2024 година нема да има никакво усогласување на платите, СОНК не го прифаќа Општиот колективен договор
За Самостојниот синдикат за образование наука и култура, Општиот колективен договор за јавен сектор е неприфатлив, особено за дејноста образование. Ова произлезе од денешните Заклучоци на Советот на СОНК, информираше претседателот Јаким Неделков на неговиот Фејсбук профил.
„Предложениот Предлог текст на Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија, а прифаќањето од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, за СОНК како таков е неприфатлив“, стои во првиот Заклучок.
Понатаму се наведува дека предложените проценти за зголемување на платите за 2023 година, не соодвествуваат со процентуалното усогласување на платите согласно закон, односно понудените 10 % се помалку од 12,55 % зголемена минимална плата.
Уште поголемо незадоволство, се вели во Заклучоците, причинува тоа што во 2024 година е предложено да нема никакво усогласување на платите.
„Во овој Предлог ОКД е предвидено процентуално зголемување за 10 %, не водејќи сметка дека одредени дејности, како што е дејноста образование, воопшто немаат усогласување на платите со минималната плата за 2023 година, што сметаме дека е одреден вид на дискриминација“, стои во Заклучоците на Советот на СОНК.
Кои се барањата на СОНК?
Советот на СОНК излезе и со свои барања. Дел од нив се следните:
- Од СОНК бараат итно и без одлагање, во дејноста образование да се изврши усогласување на платите со минималната плата за 2023 година, во согласност со Закон.
- На усогласената плата, да се додаде планираното зголемување од 10 % според Општиот колективен договор.
- Континуитет на усогласување на платите со минималната односно просечната плата, да продолжи и во 2024 година, каде како основен критериум ќе се земе инфлаторниот процент и процентот на зголемените трошоци на живот…
Доколку не се исполнат овие барања, од СОНК велат дека ќе преземат легитимни синдикални мерки за остварување на своите права.
Вчера Владата и ССМ се договорија за Општиот Колективен договор, со тоа што во септември платите ќе се зголемат за 10 %.
Договоривме дека новата методологија за прсметка на платио за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со сптемвриската полата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренечевска.
Сепак, никој од нив не кажа дека во 2024 година нема да има никаков усогласување на платите.