МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Неделков: Ако некој заслужува бонуси за прекувремена работа, тоа се НАСТАВНИЦИТЕ

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК Јаким Неделков преку фејсбук статус реагираше за исплаќањето на бонуси на јавната администрација поради, како што пишува „зголемен обем на работа“, како и за „селективното исплаќање на К-15“. 

„Членовите на СОНК разочарани од двојниот аршин на државата. Се исплаќаат бонуси во јавната администрација заради ,,зголемен обем на работа”во периодот на пандемијата. Ако некој имаше зголемен обем на работа, тоа се наставниците. Работа на далечина, работа со физичко присуство, комбинирана работа, двојна работа со две групи…… Срамота, буџетски пари има за се и сешто, дури и за селективен К-15, само за во образованието ( и градинките), науката и културата нема пари“, вели Неделков.