- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Вработените во “Македонски шуми ” добиле по 1 денар плата!

790views

Фејсбук статус на трудовиот сектор на Левица:

Дали се вршат кршења на работничките права во ЈП „Македонски шуми“ ?

Advertisement

Положбата на работниците во Република Македонија не е на завидно ниво, а доказ за тоа се секојдневните кршења на законските одредби кои што ја регулираат нивната заштитата.

Согласно информациите кои што ги добивме, на работниците вработени во ЈП „Македонски шуми“ платата за месец јануари им е исплатена со задоцнување од 10 дена, а за ситуацијата да биде уште потешка, нето платата изнесувала само 1 денар! Ова не бил прв ваков случај, односно ваквите појави се повторувале континуирано веќе подолго време!

Advertisement

Во период на економско-здравствена криза, каде што работниците едвај врзуваат крај со крај, исплата на само 1 денар по основ плата не само што е КРИМИНАЛНО, туку е и НЕЧОВЕЧКИ од страна на ЈП „Македонски шуми“, на чело со директорката Јулијана Николова.

Ова освен што е потценувачки за секој работник кој што чесно си го заработува своето парче леб, е и спротивно на голем број на закони кои што ја уредуваат оваа материја, па согласно овие информации кои што ги добивме од работниците, бараме од Државниот Инспекторат за Труд да ја испита фактичката состојба на терен и да постапи во насока на санација и идна превенција на вакви брутални кршења на работничките права.

Advertisement