МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

ВРАБОТЕНИТЕ ВО СУДСКИ СОВЕТ БАРААТ ИСПЛАТА НА ДОДАТОЦИТЕ – „Имаме најниски плати во судството“

   Време за читање 1 минута

Барањата се однесуваат на побарувања на парични средства за исплата на додатоци во износ од 30 % и потпишување на Анкес Колективен договор на постоечкиот, ова го изјави денеска Претседателката на Синдикалната организација на Судски Совет, Азбие Бекир.

„Сметаме дека нашите барања се реални и нема да предизвикаат големи фискални импликации, бидејќи се работи за 30 вработени во службата. Ние вработените во Судскиот совет на Република Македонија како самостоен, независен и највисок орган во судството сме со најниски плати. Во овој момент, административните службеници во Советот со највиски звања земаат скоро просечна плата, а да не зборуваме за оние со најниски звања“, рече Бекир.

Таа посочи дека очекуваат овие барања да бидат прифатени во најкус можен рок, во спротивно ќе продолжат со активности, согласно Законот. Тоа значи дека протестите ќе продолжат се додека не се исполнат нивните барања.

Додатоците, вработените во администрацијата на Судскиот Совет, престанале да ги добиваат откако за 75 % се зголемиле платите на членовите на Судскиот Совет.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера