ПравдаСветот на работникот

Вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат позитивен на ковид-19

Вработен во Државниот санитарен - Работник
102views

Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) е потврден позитивен случај на заболено лице од ковид-19, објави МИА повикувајќи се на извори од ДСЗИ од каде, пак, посочуваат дека станува збор за административен работник.

Изворите наведуваат дека е направена епидемиолошка анкета по што тројца административни работници од Инспекторатот и еден инспектор се ставени во самоизолација.

Дополнително, лицето кое е позитивно на вирусот имало контакт и со шест лица од Министерството за здравство (МЗ), како и со едно лице од инфо-центарот „Мој термин“, кои, исто така, се во самоизолација.