Вработен во ЕВН тешко повреден при изведување работни задачи

Вчера (21 ноември) во 20 часот во СВР Тетово пријавено е дека околу 18 часот во тетовско Теарце, во месноста „Бигор“, 38-годишниот С.С. од тетовско Рогачево, вработен во ЕВН Македонија, при извршување работни задачи паднал и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од СВР Тетово.

Повредите биле констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.