- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Враќање на работа на работник по правосилна пресуда заради незаконит отказ

519views

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: Враќање на работа на работник по правосилна пресуда заради незаконит отказ

Многу често се поставува прашањето на кое работно место треба да се врати работникот по правосилна пресуда заради незаконит отказ. Одговорот треба да се бара во зависност од објективните околности кои постојат на работното место и во компанијата.
НЕСПОРНО е дека работникот ќе се врати на своето (истото) работно место доколку истото се уште постои.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека работникот по секоја цена мора да се врати на истото работно место на кое работел претходно, ако тоа е укинато со нова систематизација. Тогаш, ПОТРЕБНО Е да се распореди на соодветно работно место согласно степенот на квалификации и работно искуство. Во оваа насока е и судската пракса во Македонија.
ПОТРЕБНО Е во идниот Закон за работните односи да се предвиди ситуацијата на кое работо место се враќа работникот ако претходното на кое работел повеќе не постои! Во оваа ситуација денес се нуди нов договор или анекс, што не е добра пракса, бидејќи работникот може да одбие да го потпише, па се создава правна празнина, бидејќи, ниту работникот може да се врати на старото работно место (бидејќи повеќе не постои), ниту пак може да се распореди на ново (бидејќи не го потпишува новиот договор).
проф. д-р Лазар Јовевски