Болест на модерното време кај работниците…
Прегорувањето или уште познато како согорување на работното место (burnout) претставува прогресивно губење на идеализмот, енергијата, ентузијазмот на сопствената работа како последица на долготраен стрес и фрустрации на работното место. Прегорувањето наликува многу на синдромот на хроничен замор, но тоа што е карактеристично тука е дека се менува и ставот кон самата работа, што не е карактеристично за хроничниот замор.
Прочитајте повеќе: (ИНТЕРВЈУ) Синдром на согорување на работно место – „Ненавременото лекување може да доведе до длабока депресија“
Согорувањето се манифестира со различни телесни и ментални симптоми на исцрпеност, кои се резултат на хронична емоционална исцрпеност, но и негативи меѓучовечки односи како на работното место, така и во другите сфери од животот. Таквата состојба претставува постојана напнатост и притисок, која неретко може да резултира со анксиозност и депресија.
Ова претставува општествен и професионален проблем, кој долгорочно влијае на психoфизичкото здравје на работникот, на резултатите од неговата работа, неговата мотивација и општо на неговиот живот, токму затоа е потребно да се посвети должно внимание на овој проблем кој прераснува во болест на модерното работење.
Тимот на Јуридика

