- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Вртоглаво растат „акциите“ на дадилките во Македонија – пред корона една, сега друга цена!

Вртоглаво растат „акциите“ на дадилките - Работник
448views

Во Македонија како дадилки најчесто работат жени над 55 години, кои останале без работа бидејќи фирмата во која работеле е во стечајна постапка или биле прогласени за технолошки вишок. Исто така и пензионерките се нафаќаат на ваков ангажман бидејќи пензијата не им стига за живот.

Повеќето родители кои се одлучуваат нивното дете да го чува дадилка велат дека е најтешко да се најде добра и жена од доверба. Кој може да работи како дадилка? Кога родителите бараат бебиситерка се јавуваат многу жени мислејќи дека тоа е лесна работа. Какви треба да бидат реалните очекувања и на дадилките и на семејствата што ангажираат жена за чување?

Периодов тешко се доаѓа до место во градинка, па така многу родители се приморани да имаат дадилка за своите деца. 

Барам жена за чување деца, се почести се периодов ваквите огласи. Родителите велат дека периодов баш поради ситуацијата е тешко да се дојде до таква личност. 

– Веќе два месеци барам жена за моето дете, но не можам да најдам. Првото дете кога го чуваше дадилка беше полесно и за наоѓање и поевтино за плаќање, вели Маја од Скопје. 

Родителите велат дека дадилките го корстат периодов, па така и си дозволија да ја покачат цената. 

-Пред короната, жената што гу чуваше син ми бараше 12.000 денари. Сега за истото чување бара 15.000. Ова не е случај само кај нас, многу пријателки, и мајки по социјалните медиуми коментираат за оваа тема, додава друга мајка. 

– За моето дете нема место во градинка, а јас морам да се вратам на работа. Поради тоа барам дадилка. Плата 20.000, дадилка 15.000, за што да работам јас, додава Вики од Скопје. 

Вера е од Скопје. Таа веќе десет години работи како дадилка. 

– Јас работам за да земам плата. Знам дека 15.000 денари се многу за родителите, но морам и јас да земам барем минимална плата. Периодов, ме бараат на повеќе места. Но, единствено решение е повеќе места во градинките. Не се сите родители спремни да плаќаат дадилка. 

Нови градинки и поголем број на деца кои ќе бидат згрижени бараат родителите.