Германија продолжуваат ја мачат истите проблеми
Германската економија и понатаму се соочува со недостиг на квалификуван кадар. Ова е заклучокот на извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Во анкетата се наведува дека 33,8 % од германските фирми во август се пожалиле на недостиг на квалификувана работна сила, што е нешто помалку во однос на априлските 34,9 %.
Забавувањето на германската економија е една од причините за слабата побарувачка за квалификувани работници, смета експертот на ИФО, Клаус Волрабе.
Тој додава дека проблемот со недостиг на работна сила ќе се влошува во иднина поради демографските промени во Германија.
Особено тешка е ситуацијата меѓу германските даватели на услуги каде на недостиг на квалификувани работници се жалат 39,7 % од анкетираните.
Слична е ситуацијата и со правните и даночните консултанти и ревизорски куќи.
Во секторот Логистика речиси две третини од компаниите бараат соодветни кандидати, што важи и за 25 % од компаниите во производството.
Како што се наведува, во германската автомобилска индустрија недостиг на квалификувана работна сила пријавиле речиси 30 % од компаниите.
Извор: b92.net
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025