Светот на работникот

„Гласен текстилец.мк“ страна за пријавување на кршењто на работничките права

   Време за читање помалку од минута

Здружението „Гласен Текстилец“ објави дека изработена е веб страна која ќе им помогне на текстилните работнички околу пријавувањето со кршењето на работничките права.

Имено, преку веб страната, работниците ќе имаат можност анонимно да пријавуваат кршење на работничките права, по што податоците се зачувуваат во базата и се препраќаат кон надлежните институции, ќе има можност за статистички преглед на поднесените пријави и иконографици и контакт информации од сите надлежни институции.

„Со сајтот се надеваме дека ќе го олесниме процесот на поднесување пријави, ќе ги мотивираме работниците да го направат тоа, и ќе ја подигнеме свеста за колкав навистина број на пријави се случува. Секој работник има загарантирани законски права, кои мора да се почитуваат“, истакна Горјан Јовановски на Фејсбук профилот.