МакедонијаПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Уште една конфекција санкционирана поради кршење на работнички права

„Гласен текстилец“ - Работник
2.85Kviews

✊✊✊
Уште еден доказ дека трудов инспекторат постапува по наши барања за инспекциски надзори, така да, паѓаат во вода тврдењата дека инспекторите не се на терен и не постапуваат при прекршување на работнички права.

На наше барање е извршен инспекциски надзор во скопска конфекција и се најдени неправилности во делот за исплата на плата на оправдано отсутни работници опфатени со времени мерки.

Понатаму, наредено е да се направи корекција на платите на вработените.
Исто , најдено е неиплаќање на минат труд и задолжен е работодавачот со решение да се исплаќа.

Исто, поради наводно не работење на електронска евиденција на работно време, задолжен е со наредба да води евиденција на прекувремена работа во рок од 15 дена да ги отстрани сите неправилности, пишува здружението на текстилни работници “Гласен Текстилец “.