Македонија

Град Скопје: Се гради нов кружен тек во Чаир

   Време за читање 1 минута

Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изградба на кружен тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, во општината Чаир. Градежните работи на новиот кружен тек се очекува да завршат за околу два месеца, во зависност од временските услови.

– Оваа локација ја одбравме токму поради тоа што густината на сообраќајот на оваа раскрсница е голема, а во близина се наоѓаат основно и средно училиште, како и Поликлиниката „Чаир“. За да ја зголемиме безбедноста во одвивањето на сообраќајот сега овде градиме кружен тек, а ќе се постави и водоводна и канализациона мрежа. Ќе бидат инсталирани и 40 нови канделабри со висина од 7 метри за да се осветли овој потег. Целата инвестиција на Град Скопје во овој проект е околу 19 милиони денари. Нашата крајна цел е во целиот град инфраструктурата рамномерно да се развива. Во минатото, овој дел од градот бил запоставен, нешто што сериозно го исправаме во изминативе две години – рече денеска градоначалникот Шилегов.

На почетокот на градежните работи на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Извор: Град Скопје