МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Гранските синдикати при КСС се кренаа против Општиот Колективен договор, не е прифатлив ниту за Синдикатот на клинички центар

   Време за читање 3 минути

„Во измнинатиот период имавме барање до Министерство за здравство за средба на која на г-дин Фатмир Меџити му ги презентиравме нашите барања за 2023 година, имавме отворен разговор и разбирање, но во меѓувреме на преговри на ЕСС на барање на КСС и ССМ за усогласување и покачување на платите за 2023 година имаме предлог од влада на РСМ за покачување на платите на цел јавен сектор од 10 %  и  10 0000 денари  К-15, кое исто така е наше барање повеќе од две години“, велат од синдикатот.

Сето она што произлегува од Предлог Општиот колективен договор за јавен сектор е прифатливо, освен вметнатите клаузули во истиот кои значат дека покачувањето во септември е единствено покачување до примената на пресметување на коефициентите врзани со просечната плата, кои ќе започнат да се применуваат од март 2025 година, а ќе започнат да важат од 2026. Во тој период максималното покачување во тековната 2025 ќе биде од 3 до 5 %, информираа од Самостојниот синдикат на клинички центар – ССКЦ.

„За цел овој период од две и пол години, покачувањето ќе изнесува околу 15 %! Тоа за нас не е прифатливо имајќи го предвид покачувањето на минималната плата во последниве две години, без притоа да се усогласат платите согласно минималната плата. Со ваквиот потег, нашето членство ќе биде најпогодено, особено до 3 група на сложеност кои се под минимална плата и се со доплата на истата“, велат од ССКЦ.

Според нив, ова значи дека на сите синдикати во период од 09-2023 до 03-2026 ќе им бидат замрзнати сите можни преговори во врска со покачувањето на платата.

Од синдикатот посочија дека предлогот на Владата бил едногласно отфрлен на Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати, каде што и тие имале свое учество.

Нивното барање, како што велат е да се преговара за платите и за 2024 и 2025 година, кои бараат да се зголемат врз основа на инфлацијата и зголемувањето на просечната плата.

Во однос на ова, од синдикатот испратиле барање до Министерот за здравство, Фатмир Меџити и до Министерот за финансии, Фатмир Бесими.

До МЗ и МИ 2023 page 0001 До МЗ и МИ 2023 page 0002

Baranje do MZ 2023

„За утре има закажано состанок со г-дин Фатмир Бесими на кој ќе присуствуваме со преставници од КСС и СОНК на кои ќе го истакнеме горенаведеното неусогласување со предлозите од Владата“, истакнаа од ССКЦ.

Во изминатиот период, објаснија од таму, имале барање за средба со Министерот за здравство, на која му ги презентирале нивните барања за 2023 година.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера