- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Дали Владата се откажа од идејата за предвремено пензионирање?

Дали Владата - Работник
317views

Каде исчезнаа владините ветувања за предвремено одење во пензија? Откако во септември во јавноста се крена врева и се покрена дебата околу можноста жените да одат во пензија со 57, а мажите со 59 години, со најновите законски измени тоа не е предвидено. Пишува единствено дека останува условот за пензионирање со 15 години стаж и возраст од 64 години. Жените пак, можат да се пензионираат на 62 години. Исклучок ќе бидат само дефицитарните кадри, односно работниците во здравството и високото образование кои ќе можат да се пензионираат најдоцна до 67 години, пишува АЛФА.

Можноста да се оди предвреме во пензија ја промовираше лично премиерот пред неколку месеци. Работниците кои ќе се пензионираа порано требаше или да прифатат пониска пензија или да си доплатат за стаж. Требаше да се определат и професиите за кои ќе се овозможеше предвремено пензионирање. На овој начин, 5 години предвреме ќе се пензионираа 52 илјади лица. Оваа заложба стои и во владината програма.

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА.