Дали во текот на утрешниот ден просветните работници ќе добијат плата?
Голем број на просветните работници загрижено реагираа за доцнењето на платата за месец март непосредно пред верските празници.
Порталот Работник се обрати до Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков кој ни рече дека е оправдана загриженоста на просветните работници, но и дека остварил повик со Министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Од него добил одговор дека процедурата во МОН е завршена и дека платните списоци се во Министерство за финансии. Тоа значи дека плата треба да има најдоцна до утре, односно Министерството за финансии треба најдоцна до утре да ги дистрибуира средствата.
„Доколку тоа не се случи, разочараноста на вработените во основното и средното образование ќе биде огромна и државата нека биде подготвена да ја понесе сета одговорност за ненавременото исплаќање на платите, а особено одговорноста за празните Великденски трпези на огромен број на просветни работници. Просветните работници во духот на својата професионална ориентација умеат да наградат, но знаат и да казнуваат“, вели Неделков.
Имено, просветните работници во екот на пандемијата на корона вирусот одржуваат настава од „далечина“, односно преку компјутрски програми кои даваат можност за продолжување на часовите и во текот на пандемијата.
За месец март, просветните работници ќе земат целосни плати, додека пак од овој месец со Уредбата на Владата ќе им бидат укинати додатоците на плата.
Неделков на ова вели дека СОНК не се согласува оваа Уредба да важи за просветните работници, бидејќи тие продолжуваат да ги изршуваат своите работни задачи и преку разни технолошки методи се обидуваат на нивните ученици да им го пренесат знаењето и кога тоа не е можно да се направи во услови на училница.
Бобан Илијевски
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025